Македонската машка ракометна репрезентацина денеска ги продолжува натпреварите на Светското првенство што се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.
Селекцијата предводена од Кире Лазаров и во главната фаза од мундијалот ќе игра во Вараждин, каде претходно игравме во групната фаза. Прв противник на црвено – жолтите ќе биде Австрија, а натпреварот почнува во 15:30 часот.
Во меѓувреме организаторот и ИХФ ја зголемија цената на билетите за натпреварите во Вараждин од 50 на 80, однсно од 70 на 100 евра.
Македонија во четврток игра со Катар, а во сабота со Франција.
Г.М.