Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Вадуз ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Натпреварот со Лихтеншајн се игра од 15 часот, а ќе може да се прпоследи низ директен пренос на МТВ 3.
На оваа средба репрезентативците на Македонија ќе играат во темна опрена во знак на почит кон жртвите од големата трагедија во Кочани каде во пожар на 16 март загинаа 59 лица.
По мечот со Лихтенштајн, Македонија квалификациите ги продолжува на домашен терен на 25 март кога се среќаваме со репрезентацијата на Велс.
Г.М.