Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 во првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал во 2024.

Првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје, не донесе добар фудбал. Малта успешно се бранеше, а Македонија немаше идеа во нападот. Во вториот дел поинкава слика. Нестороски и Чурлинов по влегувањето во игра внесоа енергија, Македонија беше поконкретна и значително подобра. По еден пад на Миоски во гостинскиот шеснаесетник беше покажано на белата точка, но по интервенција на ВАР пеналот беше поништен, а нашиот репрезентативец доби жолт картон поради симулирање.

Се играше 66 минута кога одличната акција во која Миоски со многу чувство со глава ја спушти топката во противничкиот шеснаесетник, на која налета Елмас и со прецизен удар го отвори резултатот. Македоија не застана, продолжи со офанзивата и во 72 минута Чурлинов одличната индивидуална акција ја круниса со гол за водство од 2:0.

И кога се очекуваше мирна завршница, Јаник во 86 минута искористи една грешка на нашата одбрана и го намали резултатот на 2:1. Но, тоа беше се што направија гостите од Малта. До крајот за одбележување е само црвениот картон на селекторот Милески во 93 минута, поради приговор кон четвртиот судија.

Во групата Ц, во која игра Македонија, вечерва се одигра уште еден натпревар. Англија на гости ја совлада Италија со 1:2 со головите на Рајс и Кин од пенал. Стрелец на единствениот гол за домаќинот беше Ретеги.

Македонија во 2 коло е слободна, а терминот ќе го искористи за пријателски меч со Фарски острови.

Квалификациите нашата репрезентација ги продолжува во јуни против Украина во Скопје. Во истиот термин и гостуваме на Англија во Манчестер.

Г.Момироски
Фото: Миа