Македонската фудбалска репрезентација загуби со 1:0 од Црна Гора на контролен натпревар одигран во Анталија, Турција.
Првото полувреме на стадионот „Мардан“ во Анталија мина во наша доминација, но за жал во завршницата на полувремето попушти концентрацијата.
Погодок вреден победа го постигна Стеван Јоветиќ, кој во 45. минута со глава по корнер го матира Димитриевски.
Ова е втор неуспех на наиште репрезентативци, откако пред неколку дена одиграа само 1:1 против Молдавија.
OhridNews
Фото: МИА/ФФМ