Просечната плата во Македонија во месец август изнесувала 14.447 денари, а истовремено вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци била 10.636 денар, соопшти неодамна државниот завод за статистика.
Ако се одбијат трошоците за живот на просечниот македонски граѓанин му остануваат едвај 50 евра за лични потреби и да плати сметки за струја, вода, телефон и слично.
Ова е уште една потврда за феноменот на преживување во Македонија, особено ако се имаат во предвид најавите дека наскоро може да очекуваме ново поскапување на основните животни продукти.