Американецот со македонско потекло Јован Кировски ја одведе екипата на Лос Анџелес Галакси во финалето на Пан Пацифик купот.
Тимот на Л.А. Галакси во чии редови настапуваше Дејвид Бекам до финалето стигна откако го совладаа јапонскиот Оита со 2-0. Победникот на натпреварот кој се одигра пред 5.624 гледачи го решија головите на Едсон Бадл и Кировски.
Во финалето Л.А. Галакси ќе игра против Корејскиот Свон Самсунг Блувингс.
Кировски кој има македонско потекло за селекцијата на Америка играл на ОИ 1996 година и има 62 настапи постигнувајќи 9 гола.