Државјавин на Република Македонија загина, а уште еден е тешко повреден кога утрово се преврте камион со македонски регистарски таблички на автопат во Србија, во близина на Врчин, јавија српските медиуми.

Во несреќата на лице место загинал 28-годишниот совозач, додека 34-годишниот возач се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Белград.

Српската полиција работи на откривање на причините за сообраќајната несреќа.

OhridNews