Полицијата во Австрија уапсила македонски државјанин, осомничен дека во период од две години украл 138 автомобили во повеќе градови во земјата.

Според информациите на австриските медиуми, постојат сомневања дека македонскиот државјанин е дел од меѓународна криминална банда, но полицијата е доста внимателна во изнесувањето детали околу овој случај. Информациите се дека со кражбите предизвикана е голема штета и дека предмет на кражба главно биле луксузни автомобили од германски познати марки.

Според медиумите, акцијата на полицијата е повеќе од успешна, затоа што, како што наведуваат, уапсиле „релативно голема риба“.

OhridNews