Македонец ја убил својата поранешна девојка и уште три лица на семејна забава во источниот чешкиот град Петрвалд, јавија чешките медиуми.

Според портпаролот на полицијата во Петрвалд Соња Стетениска, убиецот влегол во ресторанот ноќеска меѓу 01 и 01:30 часот каде што се забавувале десетина луѓе и со огнено оружје ја застрелал поранешната девојка, нејзините родители и уште еден трисетгодишен маж. Четворицата застрелани починале на самото место. Напаѓачот веднаш потоа си пукал во главата, но не успеал да се самоубие. Со сериозни повреди и во критична состојба е пренесен в болница.

Полицијата го нашла оружјето од кое е пукано и работи на открвање на мотивите за трагедијата.

Ohridnews