Инцидентот се случил околу 23:30 часот, кога четири до пет лица маскирани со качулки влегле во продавницата во моментот додека Македонец бил во неа. Побарале од сопственикот да им ги даде парите од сефот. Иако тој бил кооперативен и ги предал парите, сепак се случила престрелка во која бил повреден Македонецот, чиј идентитет засега не се соопштува.
Напаѓачите побегнале во непознат правец, а повредениот во критична состојба е пренесен во болница.
извор:„Макфакс“