Дваесет идвегодишниот Васе Игнатовски од Пробиштип е пронајден мртов во понеделникот околу 13 часот на градилиштето на зградата во близина на Крив мост и Детската болница во Подгорица, пишува црногорскиот весник Вијести, пренесува „Макфакс“.

Обдукцијата треба да покаже дали Игнатовски починал од природна смрт или смртта настанала од повреди, изјавиле од полицијата за црногорскиот весник.

Според неофицијални информации од полицијата, Игнатовски со сопственикот на зградата тој ден се договарале да работи во еден од деловниот простор.

Тие наводно заедно го обиколиле просторот во кој требало да направат галерија. Потоа инвеститорот заминал од градилиштето, а Игнатовски останал да провери што сé е потребно да направи.

Нешто подоцна, работниците кои биле во близина, го пронашле Игнатовски како неподвижно лежи на преградна плоча висока три метра во тој деловен простор и повикале Итна медицинска помош.

Екипата на Брза помош, констатирала смрт. Соговорник за Вијести од полицијата вели дека истрагата е уште во тек, но дека нема индиции дека смртта настапила насилно.

Причините за смртта ќе се знаат дури откако сите вештаци кои по
налог на обвинителот го правеле увидот, ќе ги достават своите наоди.

OhridNews