Триесет и две годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници, починал во ужасни услови во затвор во Детроит, објавија американските медиуми, пренесе Република.

Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари заради непрописно возење, затоа што не можел да ја плати, а веќе 17-от ден починал во една од ќелиите гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош, а за тоа време ослабел 25 килограми. 

Давид бил наркозависник на рехабилитација и примал метадонска терапија, но не добил соодветна детокс-ќелија, ниту пак, нега и помош. Откако почнал да се однесува чудно, да халуцинира и зборува сам со себе, Стојчевски бил преместен во ментална ќелија на набљудување во случај да се самоубие, кадешто на затворениците не им е дозволено да носат облека заради сопствена безбедност.

На видеото се гледа како неговото тело трепери додека тој лежи на ладниот под во ќелијата сè до неговата смрт. Давид умира гол во американскиот затвор.

Неговото семејство тврди дека тој бил запоставен додека бил во затвор и сака целиот свет да ја види агонијата на нивниот син, за во иднина да не се повтори.

OhridNews
Извор: „Макфакс“/„Република“