Бобан Ѓоргоски, 13 годишен ученик од “Дарамалан“ колеџот во Канбера, е еден од победниците на престижниот натпревар во знаење по природни науки на ниво на Австралија , што се одржува под покровителство на “Rio Tinto“ (Rio Tinto Big Ssience Competition).

Тој постигна перфектен резултат (100%) во категоријата јуниори (7 и 8 одделение).
Неговите родители се родени во Охрид.


Бобан Ѓоргоски

Во Power House музејот за наука, техника и дизајн во Сиднеј на пригодна свеченост
наградата му ја врачија д-р Пол Вилис, водителот на познатата ТВ научна емисија
“Catalyst “ на ТВ каналот ABC и д-р Колин Некшип – главен советник во “Rio Tinto“.

 
Бобан има сестран талент

Бобан победи во конкуренција на 25.000 ученици од цела Австралија и доби  покана да учествува во квалификациите за Олимпијадата по природни науки.
 
“Rio Tinto“  е една од најголемите светски компании за минерални ресурси и руди со
годишен обрт од преку 20 милијади долари.