Граничната полиција евидентираше случај на украдени регистарски таблици од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција.

На 11 ти август на граничниот премин „Богородица“ од страна на лице од Скопје, пријавено било дека претходниот ден во местото Пефкохори, украдени му биле двете регистарски таблички од неговото возило „Опел Корса“ за што била известена и грчката полиција.

Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани на повеќе места во Р.Грција.

OhridNews