Според информациите, станува збор за 37-годишниот Едевит Зенгоски, чие тело било најдено како виси на челични шилци покрај ѕидот. Околу неговиот врат имало кожен ремен.
Телото на Зенгоски е откриено од страна на чистачот на базенот, кога влегувал во околниот имот.
Првичните претпоставки на полицијата се дека се работи за самоубиство. Според нив, нема показатели дека се работи за убиство, ниту пак дека има потенцијален мотив.
Телото е испратено во полицискиот форензички институт во Бангкок за испитување.
извор: „Макфакс“