Службеник на Црвениот крст од Македонија е киднапиран во средата во Авганистан заедно со уште три лица. Веста денеска ја потврди македонското Министерство за надворешни работи.
Претставник на талибанците вчера информира дека талибанските борци југозападно од авганистанскиот главен град Кабул, во провинцијата Вардак, киднапирале четворица странци вработени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, додавајќи дека тие наскоро ќе бидат ослободени, без да ја соопшти нивната националност.
Тој нагласи дека не знаеле оти станува збор за службеници на Црвениот крст и бидејќи талибанците „немаат ништо против Црвениот крст“, киднапираните наскоро ќе бидат ослободени.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст го потврди настанот, нагласувајќи дека неговите службеници не се киднапирани, туку само задржани и дека наскоро ќе бидат пуштени.
ohridnews