Решавачко за да биде прогласен за еден од најголемите умови на денешницата се должи на неговите последни истражувања за карпестата уметност, новите сознанија и фактот дека по четиристотини години е откриена тајната кое е тоа единствено писмо, еднакво за целата земјина топка. за кое се зборува во библијата.
-Со мојот реферат во 1998 година во Португалија точно се определи кој е тој јазик.Тоа се писмените знаци во форма на куполи или вдлабанати полутопки кои се употребувале повеќе од 5000 години, рече д-р Душко Алексовски.
Алексовки вели дека Македонија е лулка на сите заинтересирани истражувачи кои се занимаваат со историјата од ваков комуниколошки аспект.Поседуваме голем борј на слики и материјали кои датираат многу одамна, па затоа не го криеше задоволството дека токму во некоја од скопските општини ќе никне Светскиот центар на карпестата уметност. Од оваа учебна година средношколците ќе можат да ја изучуваат лекцијата Карпеста уметност, а наскоро и во високото образование ќе се воведе овој предмет.
извор: „Телма“