Во рамки на одбележувањето на “Деновите на мајчиниот јазик”, Македонското културно друштво “Илинден” од Риека, заедно со Хрватското книжевно друштво, утре, во просторитте на друштвото “Илинден” во овој хрватски приморски град, организираат посебна манифестација во чест на Ѓакомо Скоти, голем промотор на македонскиот, хрватскиот и италијанскиот јазик.

Хрватското книжевно друштво, по прв пат, има чест да му ја додели на познатиот книжевник Скоти, книжевната награда “Анте Земљар”, вели основачот и почесен претседател, поетот Валерио Орлиќ, исто така, голем вљубеник и промотор на македонскиот јазик, литература, култура и општественост.

Шибеник – Хрватска

Од страна на претставници на Македонското културно друштво “Илинден”, на поетот Скоти, ќе му биде врачена “Златна плакета” за особен придонес во промоцијата на македонскиот јазик и литература, што ја доделува Здружението за култура “Бран -2010” од Струга.

На свеченоиста, ќе настапат играорната група и вокали на КУД “Илинден”, заедно со КУД “Фрателенца” од Риека.

Пријателска Хрватска ги има гарантирано сите политички и национални права на Македонците кои живеат таму, за што, владата редовно од буџетот издвојува средства. Мегу другото, за часови по македонски јазик, за издавање на месечникот “Македонски глас”, додека значајни активности се реализираат и преку “Македонско-хрватската тангента”, со седиште во Шибеник.

OhridNews