За вака големиот скок придонесе неодамнешната победа над Хрватска во квалификациите за ЕВРО 2008, во Скопје со 2:0. Паралелно со подобриот ранкинг на листата на ФИФА, Македонија се искачи на 33 место според рангирањето за репрезентациите на Европа, поради што ќе се најде во четвртиот барабан на ждрепката за Светското првенство 2010-та, која е закажана за утре попладне .
53 селекции ќе бидат распоредени во 9 групи, од кои осум ќе бидат со шест екипи, а една ќе има пет. Победниците од групите директно ќе се пласираат на првенството, додека уште четири учесници на Светското првенство ќе бидат познати по баражот.
Прв барабан: Италија, Шпанија, Германија, Чешка, Франција, Португалија, Холандија, Хрватска и Грција.
Втор барабан: Англија, Романија, Шкотска, Турција, Бугарија, Русија, Полска, Шведска и Израел.
Трет барабан: Србија, Норвешка, Украина, Данска, Северна Ирска, Ирска, Швајцарија и Белгија.
Четврти барабан: Словачка, Босна и Херцеговина, Молдавија, Унгарија, Велс, Македонија, Белорусија,
Литванија и Кипар.
Пети барабан: Грузија, Албанија, Словенија, Летонија, Исланд, Ерменија, Австрија, Казахстан, Азербејџан.
Шести барабан: Лихтенштајн, Естонија, Малта, Луксембург, Црна Гора, Андора, Фарските Острови и Сан Марино.
“Атрактивна“ варијанта : Италија , Англија , Србија , МАКЕДОНИЈА ,Албанија ,Црна Гора .
“Добра“ варијанта : Грција , Бугарија , Северна Ирска , МАКЕДОНИЈА ,Казакстан ,Сан Марино