Минатиот месец во медиумите одекна вест дека Хатон Гибсон, таткото на славниот актер Мел Гибсон се разведува бидејќи бил малтретиран од својата сопруга Џој. Таа тврди дека сето тоа е лага, и дека на развод го натерале Мел и неговата сестра бидејќи не ја сакаат зошто таа не ги одобрува алтернативните медицински тремани на кои го наговараат нивниот татко. Бидејќи двајцата се агресивни спрема неа, Џој бара да се забрани пристапот на Мел.
Психичкото малтретирање, наводно, започнало во октомври 2011 година.
-Мел викаше, пцуеше, и користеше многу навредливи зборови. Беше толку бесен што целиот се црвенеше.-наведува во изјавата.
Меѓутоа тоа не бил единствен пат така да се однесува, дури и се обидел да ја исфрли од куќата во која живее.