Кинескиот град Макао, најголемата азиска дестинација за коскање, само во април од коцкање заработил 3,92 милијарди долари, благодарение на големиот број кинески посетители. Приходите на овој град во април се зголемени за 10,6 проценти на 3,92 милијарди долари во однос на 3,54 милијарди во истиот период минатата година, пренесуваат медиумите.

За помалку од два месеци Макао обично од коцкање заработува повеќе од американскиот град Лас Вегас преку целата година, додека годишните приходи на оваа азиска дестинација минатата година достигнале рекодни 45 милијарди долари.