Смртта на голманот на Ракометниот клуб Охрид Никола Даниловски (24) предизвика голем потрес во македонската спортска јавност. Загубата на популарниот „Џамбо“ беше прифатена со шок и неверување во охридскиот клуб и македонскиот ракомет каде голманот остави голем белег.
Загубата е недоместлива и нема утеха, незнаеме како, но ќе мора да продолжиме понатаму, – коментираа соиграчите на „Џамбо“ од Охрид.
Сочуство до фамилијата на Даниловски испрати и охридскиот градоначалник Константин Георгиески кој се огласи на социјалните мрежи.
Изразувам искрено жалење за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски. Даниловски како чувар на мрежата на ракометниот клуб на Охрид ги помина сите младински репрезентативни категории, а се наоѓаше и на поширокиот список на репрезентативци на сениорската репрезентација, – стои во објавата на градоначалникот.
Последен поздрав упати и навивачката група „Рибари“, чии миленик беше Даниловски со феноменалните партии во охридскиот дрес.
Ракометната федерација на Македонија прво го одложи „езерското“ дерби, а потоа одлучи да ги одложи сите мечеви од 13-та рунда во плејофот од Супер лигата. РФМ упати сочуство до семејството на Никола, а поддршка за охридскиот ракометне клуб.
OhridNews