Тетовска Шкендија со денешниот квалификациски натпревар од првата рунда за пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони ги отвора мечевите на македонските клубови на меѓународна сцена.
Актуелниот македонски првак во првата рунда силите ќе ги одмери со Мура од Словенија. Првиот меч се игра вечерва во 20 часот, на Националната арена „Тодор Проевски“. Шкендија претпазливо влегува во двомечот со Мура.
Не сакаме да се залетуваме, но наша цел е да стигнеме што подалеку во ЛШ. Знаеме дека нема да биде лесно и ништо нема да се решаваме во првите мечеви. Добро го имаме анализирано противникот и мора да оствариме што подобар резултат, – изјави тренерот на тетовчани, Ернест Ѓока.
В четврток во новата Конференциска лига на УЕФА ќе настапат Струга Трим Лум, Силекс и Шкупи. Стружани ќе се судрат со Лиеапаја од Латвија, кратовчани ќе се сретнат Петрокуб од Молдавија, а Шкупи со косовски Лапи.
OhridNews
Фото: Архива