Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Ф.Работнички е единстевениот со три победи по првите три кола. Шпедитерите во третото коло ги совладаа новајлиите Торус со 77-86.

МЗТ Скопје го претрпе вториот пораз во серија. Отакако беа поразени во дербито од Работнички, во Аеродром ги порази и  Фени индустри со 68-71.

Карпош Соколи стигнаа до стока совладувајќи го Вардар 100-91.
 
Во Битола С. Пелистер ја прекина победничката низа на Овче Поле победувајќи ги со 90-75

Поради настапот на охриѓани во Фиба Евро Челинџ купот,  натпреварот Поп Спорт –  Амак СП е одложен за петок.

М.П.