Првото коло од новото 16 – то издание на мак баскетот во секој случај ќе остане запамтено по жалната слика на вечното дерби.Цели три саати траеше натпреварот кој требаше да ја најави новата сезона од која се очекува да биде една од поквалитетните во последниве неколку години. Со ваков “имиџ“,со вакво дивеење на трибините тешко дека публиката ке се врати како на трибините така и пред малите екрани. А да, инаку натпреварот го доби Работнички 76-103 .
Младиот тим на АМАК СП малку фалеше да го изненади шампионот среде Струмица.Охриѓани добро го испотија шампионот, а (не)искуството во финишот беше пресудно за поразот, сепак може да бидат задоволни од она како одиграа и може да се каже дека доживееа планиран пораз 77-72.
Во нов дом во ново руво, Вардарци тргнаа во новото првенство.Во малата сала на Кале со стотка ги испратија Соколите во Карпош 105-72
Лесно и без проблеми мина и еден од фаворитие во новото првенство кавадаречкиот Фени. Маврово кој на елитата и се приклучи во 12:05 не беше дораснат противник и како стојат работите ќе бидат само украс во новото првенство. Слободен во ова коло беше Битолски Пелистер. Во наредното коло кое се игра во среда играат Пелистер –Струмица, Карпош – Фени, Маврово – МЗТ Скопје, додека АМАК СП во Билјанини ке го пречека Вардар .Натпреварот почнува во 18 часот.

Покрај мажите ново првенство отворија и жените.Лигата годинава брои 7 клуба а бранител на двојната круна е Вигор Скопје.Охриѓанки во најнеизвесниот напревар од првото коло поразени се вратија од Битола со 58-53 .Лесни победи извојуваа Младинец над Гостивар 91-54 ,додека шампионот немаше проблеми со Куманово 85-43 .Слободна беше екипта на Водњански Лисици.Во наредното второ коло играат Водњански Лисици – Билјана, Младинец – Пелистер , Куманово – Гостивар ,слободен е тимот на Вигор

Јане Сандански празен на наредните три меча
 
Поради инцидентот  што го причинија навивачите на МЗТ Скопје Комесарот за натпреварување, Томе Димишковски го казни овој клуб парично со 30.000 денари, а и во следните три натпревари ќе игра без публика
На средбата имаше два прекина, а по вториот прекин беше испразнета салата “Јане Сандански“..
Поради фрлање на тврди предмети на теренот од страна на навивачите  на Фершпед Работнички,клубот ќе плати парична казна во висина од 6.000 денари.