Поради долг од вкупно 508.000 илјади денари финалистите во кошаркарскиот плејоф на Македонија, Струмица и Фени индустри, се суспендирани поради КФМ. Фени вкупно должи 202.000 денари, а Струмица 306.000 денари.

Ако не ги платат казните, клубовите нема да имаат право да го играат последниот финален натпревар в сабота во Струмица кој ќе го даде новиот шампион.

– Клубовите се веќе суспендирани и додека не платат, немаат право да играат – велат од КФМ.

За последниот инцидент во Кавадарци во Фени вкупно е казнет со над 100.000 денари.
Поединечно: поради навредливо скандирање кон гостинската екипа и кон судиите, Фени е казнет со 6.000 денари, поради фрлање тврди предмети на теренот кавадарчани се казнети со 40.000 денари. Фени е казнет и со еден натпревар неиграње на домашен терен со казна од 60.000 денари. Вкупно казната е 106.000 денари.

Кај гостите, Михаил Пападопулос од Струмица, поради навреди кон Илија Мерџановски, директор на националните селекции на Македонија, е казнет со 30.000 денари.

За инцидентот во Струмица поединци од овој клуб „заработија“ казни од вкупно над 170.000 денари, а кавадарчани вкупно беа казнети 70.000 денари.

Што се однесува до кашаркарсктиот дел билансот во финалната серија е 3-3, а победникот од мечот во Струмица треба да го даде новиот шампион.

ОhridNews