Управата на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, следната година ќе може да смета на Перо Блажевски кој дојде од Вардар Осигурување. Покрај Блажевски во тимот за следната сезона ќе биде и Срѓан Станковиќ, а покрај нив новајлии ќе бидат и Филип Кралевски и Ангел Тасевски.
Тони Грнчаров, е единственото засилување за Работнички Фершпед за следната сезона. Според директорот на клубот Горан Костовски Тоа е доволно за успех следната сезона.
И за крај враќањето на легендарниот Будимир Јоловиќ е најинтересната вест, која произлегува од објавувањето на листата на Карпош Соколи 2000. Популарниот “Будо“, кој на 3 октомври ќе наполни 49 години, е еден од 14 македонски кошаркари на листата на Карпош Соколи. Тој за последно играше во Никол Ферт во 2003 година, како тренер ги водеше ФОН и Амак СП, а минатата сезона неговите ќерки Јована и Драгана дебитираа во сениорска конкуренција во дресот на Водњански Лисици.