Со резултатски пресврт тимот на Ликвид (2-3), ја доби мајсторката за пласман во ¼ финалето на Турнирот Охрид – 08. Екипите на Марлин и Бекче се првите полуфиналисти .
Два гола предност успејаа да прокоцкаат играчите на “Џале Турс“ по што беа елиминирани од натамошните натпреварувања. Со головите на Танески во финишот на првото и стартот на второто полуврме Џале Турс направи солидна предност. Следуваше исклучување на Рамиз, но место да профитираат и да стават точка не мечот, “пештанци“ им довозолија да се вратат во натпреварот. Прво Димоски од пенал намали на 2-1. На десет минути пред крајот Исмаил израмни на 2-2, а комплетниот пресврт го направи Рамиз. Не можеа да се соземат од шокот “портокаловите“ по што за нив завршија натпреварите.
Ликвид во ¼ финалето вечерва 21.00 ќе игра против тимот на Скопско.
Во вториот натпревар кој одлучуваше за тоа кој ќе игра во ¼ финалето лесно и убедливо со 6-3 тимот на Далче го совлада Манге.
Во второто ¼ финале вечерва 22.30 ќе играат Вис Пој – Далче.
Победничката серија на турниот продолжи за тимот на Марлин кој е единствената екипа која нанижа шест победи во серија. Жртва во полуфиналето беше тимот на Чинго,кои пружија повеќе од достоинствен отпор. По нерешените 1-1 на полувремето, предводени од најдобриот стрелец на трунирот Агуешски (17 гола) , Марлин го скрши отпрот и со конечни 4-2 избори место во полуфиналето. Во победата по два гола постигнаа Агуешски и Лолески, додека двата гола за Х.Чинго ги постигна Џајкоски.
Во ½ финалето Марлин ќе игра со победникот од дуелот меѓу Скопско – Ликвид.
Уште еден фаворит за освојување на турнирот го продолжи победоносниот чекор. Чиста 2-0 победа за тимот на Бекче, творец на победата беше Јосифоски кој на два пати ја затресе протвничката мрежа за победа и пласман во ½ финалето.
Во утрешното полуфинле противник на Бекче ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Вис Пој и Далче.
Вечерва играат
21.00¼ Финале Скопско – Ликвид
22.00¼ финале Вис пој – Далче
Понеделник
20.00½ полуфинале Марлин – Победник (Скопско – Ликвид)
21.00½ полуфинале Бекче – Победник (Вис пој – Далче)
Среда
19.00 Трето место
21.00 Финале
ohridnews