Ли Зонгхионг, 71 годишен пензионер од Тајван, има работилница во која тетовира возила. Со ова чудно хоби почнал да се занимава пред 9 години. До сега ги истетовирал своите два камиони, автомобилот и моторот. Секој од нив го прекрил со бројни натписи од будистичките текстови.


„Имав чувство дека моралот во денешно време значително е опаднат. Затоа почнав да пишувам реченици од будистичките текстови“ – вели Ли.

Неговиот син Ли Јаисхенг не го остава да купи нови возила бидејќи знае дека ќе ги прекрие со натписи. Но затоа внукот му ветил дека кога ќе порасне ќе му купи голем автобус за да може на него да пишува.