Луо Деуан, 21 годишен мајстор за Кунг – фу од Кина, влечел автомобил тежок еден тон. Тоа не би било чудно доколку јажето не било закачено за неговите веѓи. Тврди дека тоа е работа на самоконтрола и дека на тоа го научил неговиот учител по Кунг – фу.


Досега имал 23 успешни, но бизарни потфати. Во некои од нив подигал буриња со вода со веѓите, сопирал вентилатори со јазик и одел по остри ножеви. Планира да се запише во Гинисовата книга на рекорди.