Орангутанката Ханам, која има 4 години, најмногу сака да си игра со малото лавче. Лежи на грбот додека лавчето се качува по неа.
Таа се зближила со лавчето Скукуза и неговото братче Шимом веднаш откако тие стигнале во паркот за животни Миртл Бич во Јужна Каролина. Меѓутоа лавчето наскоро ќе биде големо и оваа игра ќе стане премногу опасна за мајмунката.