Едно ново истражување покажало дека мајмуните можат да се сетат на настани кои се случиле неколку години наназад, како и луѓето. Научниците собрале група мајмуни со кои реконструирале серија експерименти спроведени пред три години, во кои животните морале да пронајдат скриени алати си чија помош можеле да дојдат до храна.
Соочени со истите простории и кутии во кои се наоѓал алатот, мајмуните без размислување знаеле што треба да направат и им биле потребни само пет секунди да ги пронајдат алатите кои одговараат. Друга група примати, која немала искуство од пред неколку години, останала збунета. Водачот на истражувањето, Др. Мартин Ордас, од универзитетот во Архус, Данска, рекол дека се изненадил кога се сетиле на случувањата од пред три години, но и дека се запрепастил од тоа со каква брзина направиле се што било потребно.