Военото воздухопловство на кинеската војска има ново тајно оружје, мајмуни. Задача на мајмуните, од родот макаки, е терање на птиците кои би можеле да направат гнезда во близина на воените бази на северот на земјата. Воената база се наоѓа рута на која птиците мигрираат од север на југ, а кога во поголем број се собираат околу базата преставуваат закана за воените пилоти.

Може да се случи моторите да ги вовлечат, што би било кобно за птиците, а понекогаш и за пилотите. Затоа војската, кога на дрвата околу базата ќе се намножат птици, пушта мајмуни кои ги бркаат птиците, и на тој начин ја осигуруваат безбедноста на пилотите. На веб страницата на кинеската војска пишува дека мајмуните се телохранители кои ја чуваат безбедноста на нашите другари.