Талибанските терористи измислиле ново оружје во борбата против американските непријатели, и тоа мајмуни убијци. Тоа го тврдат кинеските медиуми, а истото го пренесол и американскиот тиражен весник „Њу Јорк Пост“. Имено според медиумите, талибанците ги обучувале мајмуните да користат огнено оружје.


Во таен тренинг камп се обучувале стотици мајмуни од видовите бабуни и макаки мајмуни. Како награда за напорниот тренинг, мајмуните добивале банани и кикирики. Слични методи биле користени и во Виетнамската војна, кога американските научници правеле експерименти со животните кои би можеле да им нанесат смртоносни повреди на виетнамците.