Мајмуните во зоолошката градина во Караганда, во централниот дел на Казахстан, каде владее голем студ, секој ден пијат топло вино за да се стоплат, а според зборовите на официјалните лица на зоолошката, мајмуните уживале во тоа. Светлана Пилијук од зоолошката градина, изјавила дека им давале вино бидејќи тоа ги штитело од вирусните инфекции на респираторниот систем. Додала дека алкохол не им давале на женките кои чекаат принова ниту на младите мајмунчиња.

Таа прецизирала дека зоолошката градина на мајмуните им давала многу засладено вино. Пијалокот го припремале на тој начин што виното го мешале со парчиња овошје, мед, лимон и шекер. Во Краганда температурата моментално изнесува минус 33 степени.