Посетителите на Британскиот сафари парк Ноусли мораат да бидат внимателни откако една банда мајмуни открила како се отвара багажот на покривот од автомобилите. Шефовите направиле демонстрација за да им покажат на посетителите што ќе им се случи доколку не бидат внимателни.
Пред да побегнат на дрвата мајмуните успеале да ги украдат алиштата, чевлите и останатите работи од багажот. На возачите кои имаат багаж на покривот им советуваат да одат по заобиколениот пат за да ги избегнат мајмуните. Тактиката им е таква што поголемите мајмуни скокаат на багажот се додека не пукне бравата, а тогаш останатите претураат по содржината.