Женка орангутан предизвикала краток спој на електрична жица, па прескокнала бетонски ѕид во зоолошката градина во Аделаида, Австралија. Чуварот во зоолошката рекол дека таа седела на врвот на оградата 30 минути, но за среќа се предомислила и се вратила во кафезот.


Им се приближила на посетителите кои први ја забележале кога избегала на само неколку метри. Чуварот рекол дека не е агресивна, но сепак ја евакуирале зоолошката градина. Ветеринарите за секој случај ги спремиле пушките со куршуми за успивање.