Жителите на два соседни градови во Јапонија со месеци се вознемирени поради мајмунот која гризнал десетина луѓе и кој до денес сеуште не е уловен. Макаки мајмунот своите жртви најчесто ги напаѓа за ногата. На интернет се објавуваат предупредувања, како и локациите каде последно бил забележан мајмунот. Жителите се предупредуваат да ги држат своите прозорци затворени.
Група од 300 луѓе, вклучувајќи и полицајци организирале голема потера по животното и се надевале дека ќе го уловат, но безуспешно. Бидејќи неколку дена не пријави за напад на мајмунот се надеваат дека се повлекол назад во планините. Макаки мајмуните се најбројни диви ццачи во Јапонија и можат да достигнат висина до еден метар.