Патрик Шварценегер и Мајли Сајрус сега повторно се дружат, а странските медиуми пишуваат дека помеѓу нов постои нешто многу повеќе од пријателство. Имено, популарната пејачка во петокот го посетила Патрик, каде минале неколку часа, а потоа заедно негде отишле, јавуаат мадиумите.
Патрик пред три години прв пат изразил восхит кон пејачката и рекол дека таа е негова најголема симпатија, иако тогаш бил во врска со Талула Вилс. Откако тоа го рекол тие двајца биле на неколку состаноци. Извор близок до пејачката рекол како Мајли се надева дека со Патрик ќе влезе во вистинска врска. Додал дека нејзините родители сметаат дека Патрик е токму она што и е потребно на Мајли. Од друга страна, Арнолд и Марија Шривер се плашат дека проблематичната пејачка лошо ќе влијае врз нивниот син.