Легендарниот режисер и сценарист Вуди Ален припрема телевизиска серија за „Амазон“, а за една од улогите ја ангажира поп ѕвездата Мајли Сајрус. Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија на славниот режисер, покрај која напиша дека е многу возбудена што ќе има можност да глуми во првата телевиска серија во режија на Вуди Ален.

Мајли, која почна како тинејџерка во серијата „Хана Монтана“ израсна во провокативна поп пејачка, а во серијата ќе глуми покрај Ален и Елејн Меј. Станува збор за шест епизоди кои ќе траат по 30 минути, чие дејство е сместено во шеесеттите години од минатиот век. Снимањето почнува во март, а прикажувањето ќе биде кон крајот на годинава. Целиот проект сеуште нема наслов.