Поп пејачката Мајли Сајрус и вестите за судењето на Џони Аријас оваа година биле најпребарувани на „Yahoo“, додека дуото Маклмор и Рајан Луис доминирале на музичкиот сајт Спотифај. Сајрус била најпребарувана исфрлајќи ја од тронот минатогодинешната владетелка, риалити ѕвездата Ким Кардашиан. Таа вниманието го привлекла со раскинувањето со актерот Лијам Хемсворт, со провокативниот танц на доделувањето на MTV наградите и новиот албум „Бангерз“.
Судењето за убиството на 33-годишната Аријас, која во мај била прогласена за виновна за убиството на момчето Тревис Александер, привлекувало големо внимание кај јавноста поради бизарните сведочења и доказниот секс материјал. Претседателот на САД Барак Обама бил најпребаруван политичар.