Позната по контраверзните настапи, американската пејачка Мајли Сајрус најави уште пошокантен настан, концерт на кој таа, членовите на бендот и публиката ќе бидат како од мајка родени. Веста за припремите за „голиот“ концерт ја најави “The Flaming Lips”, психоделичен алтернативен рок бенд кој веќе неколку месеци соработува со поранешната ѕвезда на Дизни.
Фронтменот на бендот Вејн Којн, кој концертот го најави на својот Инстаграм профил појасни дека настапот ќе биде сниман за потребите на видео спот. Имајќи ги во предвид законите за голотија на јавни места, може само да се претпостави дека концертот ќе биде одржан во некоја приватна сала. 22-годишната пејачка, која себеси се опишува како „пансексуалка“, во август го издаде албумот “Miley Cyrus&Her Dead Petz” на кој соработува со групата “The Flaming Lips”, познати по енергичните и екстравагантни настапи.