Кога е во прашање пејачката Мајли Сајрус од неа се очекува се. Освен што е позната по бурниот живот, бројните скандали и провокативното облекување, сега отиде чекор подалеку и уште еднаш предизвика бурни реакции кај јавноста. Откако минатата година Ким Кардашиан се фотографирање гола за насловната на списанието “Paper”, сега истото го стори и Мајли.
Имено, пејачката и нејзиниот домашен миленик, прасето Беба Сју, се најдоа на насовната страница на ова списание. Како што вели, на овој начин пејачката сака да ја промовира својата фондација “Happy Hippie Foundation” која им помага на ЛГБТ заедницата и бездомниците. После тоа, таа објавила и фотогафија на Инстаграм, на која лицето и е прекриено со маска со лик на свиња, а градите и се во прв план.