Мајли Сајрус конечно излезе од болница, откако пред десетина дена итно била префрлена во истата, поради алергиска реакција која ја добила од антибиотици. Контраверзната пејачка поради сериозно загрозеното здравје морала да откаже некои закажани концерти.

алергиската реакција ја добила додека примала терапија за тешко запаление на синусите. Тогаш лекарите во болницата соопштиле дека ќе биде задржана до 25 дена, но Мајли на сите кои зборувале за нејзиното здравје им рекла да ја остават на мир. Пејачката вчера беше пуштена на домашно лекување и моментално се занимава со распоредот на своите конерти кои морала да ги откаже.