Мајли Сајрус и Патрик Шварценегер се вљубени до уши еден во друг па на своите пријатели веќе почнале да им зборуваат дека еден ден ќе се венчаат. Мајли е позната по провокативното облекување и однесување, но настојува да ја импресионира мајката на патрик, Мариа Шривер, и со неа да ги стави односите во нормала.

 

Затоакога е во нејзина близина се облекува далеку поконзервативно. На Патрик неодамна мајката му се заканила дека ќе остане без семејната накнада доколку не прекине да се гледа со пејачката, а тој и одговорил дека парите не го интересираат. Парот е во врска пет месеци.