Се шушка дека во Холивуд постои нов пар. Станува збор за Мајли Сајрус и Џеред Лето, кои спаѓаат во групата славни за кои не сме сигурни дека во нивните глави е се во ред. Но, можеби токму тоа ги привлече еден кон друг, бидејќи трачерскиот портал „Hollywood Life“ дозна дека помеѓу нив двајца нешто се готви.
Но, пред да почнеме да зборуваме за нешто сериозно, наводно засега се работи само за допишување, кое вклучува многу разголени фотографии и жешки пораки. Со други зборови, станува збор само за забава, која вклучува и сексуално задоволство, но само преку мобилните телефони. Упатен извор вели дека не се гледаат често, но постојано се во контакт. Разликата во години воопшто не им смета, бидејќи од тоа нема да биде ништо повеќе од довра забава. Тие се само добри пријатели со бенефиции. А со оглед на тоа што Мајли разголени фотографии објавува и на Инстаграм, кој знае што се му испраќа на славниот актер.