После раскинувањето со Патрик Шварценегер, пејачката Мајли Сајрус многу брзо закрепна разменувајќи бакнежи со Френки Рајдер, но и со непознато машко лице. Кога е во прашање контраверзната пејачка од неа може да се очекува буквално се. Се навикнавме на нејзиниот бурен живот, но и на лезбејските бакнежи.
После раскинувањето со Шварценегер, Мајли се врати на стариот начин на живот. Имено, се појави фотографија на Инстаграм од една забава на која страсно се бакнува со Френки Рајдер. На фотографијата Френки држи чаша жесток пијалок, а Мајли шише додека се бакнуваат. Меѓутоа, освен со неа, Мајли се бакнувала и со едно непознато момче.