Мајкрософт во тајност развива нова игра во која во исто време може да се дружат околу 300 000 играчи, што е моментално незамислива бројка.



Кога некој има пари, може да се обиде да направи неверојатни работи, па затоа воопшто не се чудиме на намерата од Мајкрософт да креира игра за ХВОХ 360 и пропратна серверска инфраструктура која ќе може да поднесе 300 000 играчи одеднаш. Тоа до сега никому не му тргнало од рака, а моменталниот рекорд го држи MMO EVE Online кој вкупно брои 300 000 претплатници, од кои во еден момент се пријавени нешто повеќе од 50 000 на сервер.