Во сабота, во салата “Нуова Аскона” во истоимениот швајцарски град, тој во 6 рунди го совлада 35 годишниот боксер -супертешкаш од Гана, Мајкл Овусу, со едногласна одлука на судиите.
Претходно Хани ги победи унгарецот Дариус Бала со нокаут за само 90 секунди и полскиот боксер со големо професионално искуство, Кристијан Јакши на поени со едногласна одлука на судиите.
Наси Хани го исполни ветувањето, дека нема да го напушти рингот како поразен, туку како победник, за да ги оправда довербата, ветувањата и очекувањата на швајцарскиот менаџер Даниел Хартман и германсиот тренер Конрад Митлмајер.Борбата против Овусу ја оцени како тешка, но и мотивирачка.
“На моите симпатизери, ќе им подарам уште многу победи во профи боксот и се надевам дека ќе и донесам на Струга една од европските или светските титули во профи бокс”, изјави по мечот Хани.
Следниот меч во професионален бокс на Наси Хани е предвиден за втората половина од месец декември, а противникот и местото на одржување ќе бидат соопштени дополнително.