На актерот Мајкл Медсен судот му одредил дека мора да мине 30 дена на клиника за одвикнување од алкохол. Медсен минатата година бил уапсен во Малибу поради возење во пијана состојба. Судот го казнил со парична казна и му одредил да оди на состаноци за анонимни алкохоличари, пренеле американските медиуми.
Меѓутоа, холивудскиот актер не ја испочитувал одлуката на судот, па му било одредено дека мора да оди на клиника за одвикнување од алкохол, на која мора да се пријави во рок од 72 часа по одлуката на судот.